Тројца гостиварски уметници во Њујорк на заедничка изложба „Фрагменти од Балканот“

Од:

Тројца гостиварски уметници утре ќе се претстават пред публиката во Њујорк со ликовни дела и фотографии на изложбата „Фрагменти од Балканот“.

Во галеријата MC Gallery, ликовните уметници Сафет Спахиу и Башким Меџити и фотографот Осман Демири ќе изложат триесетина дела од нивните последни опуси.

Во највата на настанот се наведува дека концептот на изложбата се заснова на пренесување на порака за разновидноста на Балканот и дека таа различност е целина.

Бикот во сликите на Спахиу го симболизира инаетот на балканските народи, кои не секогаш го избираат дијалогот, како начин да се надминат недоразбирањата. Од друга страна, експресивната лирика на Меџити го истакнува креативниот дух на луѓето кои покрај непријателствата имаат духовно разбирање и толеранција. Во делата на фотографот Демири има потврда дека сè мора да започне и да заврши со дијалог

Изложбата ќе биде отворена десет дена, а е поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ