А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Култура

Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

by А1он09/03/2025 - 08:02227
Share0

„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши жири-комисијата во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).

Добивај вести на вибер

Насловот на победничкиот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 14 март во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

На конкурсот за наградата „Роман на годината“ годинава се пријавија 43 романи, а жири-комисијата преку неколку селекции стаса до најтесниот избор.

-Како една од спецификите на годинашниот конкурс е фактот дека во најтесниот избор влегоа романи напишани од авторки, што е своевиден куриозитет во историјата на наградата, информира жири комисијата.

Наградата „Роман на годината“ за 2024 година, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари што го добива авторот, во случајот авторката, на победничкиот роман. Наградата годинава се доделува по 26-ти пат, а свеченото врачување ќе се одржи кон средината на мај.

roman na godinata

Би можело да ве интересира

Распишан е конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 08:05

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“

Горан Наумовски03/03/2025 - 07:0203/03/2025 - 09:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен