Три дена европска и македонска литература во Кинотека

Од:

Книжевни вечери од 19 до 21 октомври ќе одржи издавачката куќа „Антолог“, во рамки на шестото издание на Фестивалот на европска литература „Книжевни ѕвезди“.

Како што соопштија од издавачката куќа, вечерва ќе биде претставена првата странска гостинка на годинашното издание на Фестивалот, поетесата Јоланда Кастањо од Галиција, Шпанија, која на македонската публика ѝ е позната како учесничка на Струшките вечери на поезијата.

Македонските поети и книжевни преведувачи Никола Маџиров и Никола Ѓелинченски ќе разговараат со неа за нејзината поезија, нејзината збирка песни Состојба на разговор, издание на „Антолог“, како и за предизвиците да се пишува и да се препејува поезија.

По неа, ќе биде претставена мегапопуларната авторка Софија Лундберј од Шведска, која ќе зборува за своето творештво, предизвиците во пишувањето за време на пандемија, како и за своите два прекрасни љубовни романи Црвениот адресари Прашалникот е половина срце, кои се објавени на македонски исто така во издание на „Антолог.

Двете промоции ќе се одвиваат онлајн, а ќе бидат проектирани пред публиката во Кинотека.

Следната вечер, исто така ќе започне со поезија, а Никола Маџиров ќе разговара со поетот Петар Матовиќ од Србија, автор на поетската книга „Од среќната република“.

По оваа промоција, со почеток во 19 часот, по повод реобјавувањето на книгата „Санитарна енигма“, ќе се одржи книжевна дискусија тематизирана од слоганот на фестивалот –„книжевноста наспроти пандемијата“, на која своите размисли ќе ги споделат авторката на книгата, Јасна Котеска, како и Весна Мојсова-Чепишевска, Душко Крстевски, Дијана Петрова и Александар Маџаровски.

На 21 октомври, исто така преку онлајн-промоција ќе биде претставена книгата „Модар накит“ од авторката Катарина Винклерод Австрија, едно од најновите и најактуелните изданија на „Антолог“. Разговорот со неа ќе го води преведувачката на делото, Елена Конеска-Светиева. Со почеток во 19 часот ќе биде промовиран романот „Скриени желби“, немирни патувања од Владимир Јанковски, негово најново книжевно дело. Промоцијата е замислена како разговор со авторот, кој ќе го води писателот Владимир Мартиновски.

Во рамките на промоцијата ќе биде претставено и кусо видео со извадоци од романот, направено врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.

Фестивалот продолжува и следната недела, со доделување на наградата „Bookstar“ на еден од најактрактивните европски писатели во светски рамки.Сите настани ќе бидат организираниво согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор.
Влезот е бесплатен, но бројот на посетители е ограничен, а носењето маски е задолжително за време на настаните.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска