„Тоска“ вечер во Македонската опера и балет

Од:

Најпопуларната опера од Џакомо Пучини „Тоска“ вечер ќе биде изведена во Македонската опера и балет. Насловната улога ќе ја игра Весна Ѓиновска-Илкова. Режијата е на Огњан Драганов од Бугарија, а Хорот и Оркестарот на МОБ ќе ги води шпанскиот диригент Серхио Алапонт.

Во улогата на Каварадоси ќе настапи солистот Зоран Сотиров, Нико Исаков од Бугарија ќе биде во ролјата на Скарпија, Ернес Ибраимовски како Анџелоти, Драган Ампов ќе игра Клисар, Саша Смилевски во улога на Сполета, Славчо Димовски (Шароне), Димитар Кожухаров (Клучар) и Десанка Глигоријевиќ (Овчарче). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Операта во три чина е напишана по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта била на 14 јануари 1900 година во Рим.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“