Тетовската библиотека со редовно работно време

Од:

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ од денеска продолжува да работи во рамки на редовното работно време од 8 часот наутро до 19 часот. Од почетокот на пандемијата од 13 март па до 6 јули библиотеката воопшто не работеше, а досега читателите можеа да позајмуваат книги само од 8 до 16 часот.

И понатаму се во примена посебните мерки и протокол за позајмување на книги.

-Потребно е задолжително носење маска, шал или марама кои го прекриваат пределот на носот и устата, одржување задолжително растојание од 2 метри помеѓу корисниците, вработените, како и помеѓу библиотекарите и корисници, дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека, ограничување на бројот на корисници во библиотеката, информираат од установата.

Книгите кои ќе се вратат не можат веднаш да се изнајмат и се остваат 3 дена (72 часа) во карантин во библиотеката и се евидентирани кај читателот кој ја оставил.

Би можело да ве интересира

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски

Обвинителство: Се скарал со синот и со еден истрел во градите го ликвидирал

Истрагата откри: Тетовчанец пред два дена со ловечка пушка си го убил синот

Горан Наумовски

39-годишен маж од Тетово е пронајден мртов со прострелна рана во главата

Тетовчанка успеала да се спаси од убедлив измамник

Во центарот на Тетово тешко повреден е 60-годишен пешак

Горан Наумовски