Тереза Салгуеро главна ѕвезда на фестивалот „Музика од Светот“ во Битола

Од:

Португалската пејачка Тереза Салгуеро ќе биде главна музичка ѕвезда на осмото издание на фестивалот „Музика од Светот“  чиј организатор и домаќин е НУ Центар за култура-Битола.

На денешната прес-конференција во Битола, директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски и селекторот на фестивалот Оловер Јосифовски, соопштија дека по Наташа Атлас, Ришард Галијано и Раби Абукалил, годинава на фестивалот „Музика од Светот“  ќе настапи Тереза Салгуеро која слави 30 години лична музича кариера.

– Фестивалот ќе почне на 5 ноември со настап на португалската дива со импозантна кариера Тереза Салгуеро. Одбележувањето на нејзината светска кариера Салгуеро го поврза и со градот Битола и тоа е големо признание за нашиот фестивал. Салгуеро настапувала со групата „Мадредеуш“, соработувала со познатиот композитор Збигњев Прајснер, соработувала и со Хозе Карерас, настапувала низ цел свет, минатиот месец беше во Хелсинки, а следната дестинација и е Битола, потврди Димитровски.

Според фестивалската програма на 6.ноември во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“ и Дирекцијата за култура и уметност ќе биде организиран концерт на Карсу Домнес, холанѓанка со турско потекло, талентирана пијанистка, но и концерт на The New Spark Jazz Orchestra-Balkan на кој ќе настапат 15 жени од Балканот промотори на родовата еднаквост и поттикнувачи за зголемување на бројот на жени музичари и композитори.

Фестивалот „Музика од Светот“ секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски