Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Од:

Клубот на ликовни уметници „Рашка школа цртања“ од Рашка, Србија, распиша тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија кој ќе трае до 31 мај.

Клубот ги повика сите основци и средношколци од трите држави да се пријават на стрип конкурсот, насловен „Се што велиме е дајте шанса на помирувањето!“

Конкурсот е организиран во партнерство со Creative City Center – The Multifunctional Social Cultural Center од Албанија и соработници од Македонија и Србија. Повикот е врз основа на грант од Младински фонд за култура на Западен Балкан (WBYCF)

Како што појаснуваат од „Рашка школа цртања“, темата на конкурсот е помирувањето, а развивање на свеста за меѓусебно помирување во регионот на Западен Балкан е општата цел на проектот.

-Излегување од заробеноста во минатото, конструктивно справување со минатото и спротивставување на говорот на омраза, барање на она што ги спојува, а не она што ги разликува балканските народи, почитување на жртвите без оглед на етничката припадност; зачувување на сеќавањата на настраданите итн., наведува организаторот на конкурсот.

Стриповите треба да се пратат на: [email protected] Пристигнатите ќе бидат разгледани од интернационална комисија којашто ќе го направи изборот за наградените. Најдобрите стрипови ќе бидат претставени на изложба во јули во Рашка и ќе бидат објавени во посебен каталог.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ