Театарски претстави реализирани од основците од Кисела Вода

Од:

Во општина Кисела Вода започна прикажувањето на театарските претстави подготвени од учениците од основните училишта од општината во рамки на проектот „Популаризирање на театарот” пред специјална Комисија формирана од градоначалникот.

Во проектот што се спроведува во соработка помеѓу Министерството за образование и наука и општина Кисела Вода учестуваат седум основни училишта кои се преставија со претставите Бегалка, Чорбаџи Теодос, и Македонска крвава свада.

– Целта на проектот е да се приближи театарската уметност до најмладата публика и притоа театарот да стане подостапен за секоја возраст. Оваа цел се постигна со формирање на драмски секции во сите основни училишта, ангажирање на професионални актери како гости предавачи, организирани посети на театарски претстави, изведба на театарски претстави од страна на учениците од сите основни училишта од општината и слично, велат од општина Кисела Вода..

За успешна реализација на проектот, додаваат, се драматизираа дела кои учениците ги обработуваа како лектири.

– Избраната театарска претстава која ќе биде најдобра на ниво на седум основни училишта од општината ќе учествува на државен натпревар на кој ќе земат учество основните училишта од другите општини. Се предвидува проектот да заврши со државен натпревар меѓу училиштата од сите општини кои зеле учество во проектот на кој победниците би имале можност претставата да ја одиграат пред публика во Македонскиот Народен Театар, нагласуваат од општината.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он