Театарски мултимедијален перформанс „ОКСИГЕН“

Од:

Членовите на „Театар Пи“, Златко Митрески и Македонка Илиевска, изминатиов период работеа со лица со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“. Резултатот е мултимедијалниот проект „ОКСИГЕН“ кој во сабота од 20 часот ќе биде прикажан во НГМ Мала станица, Скопје.

Низ серија на специфични актерски техники и процес на импровизација, во работата ќе се истражуваат можностите за создавање на театар со слики и приказни од секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост.

Низ ситуации и театарски игри, со лицата со интелектуална попреченост се создаде материјал, кој ќе биде дел на драматургијата во театарскиот перформанс „ОКСИГЕН“ кој е четврт заеднички проект на „Театар Пи“ со лица со попреченост од центарот „Порака“.

Акцентот ќе биде ставен на нивната способност да бидат изведувачи- перформери и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин, велат од „Театар Пи“.

Режијата и видео мапингот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска. Камерман е Гаврило Миловановиќ. На фагот свири Јован Витанов.

„ОКСИГЕН“ е поддржан од Град Скопје. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Премиера на театарска претстава на Театар Пи со наслов “Ние, луѓето”

Катерина Ѓуровски

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање