Словенечкиот центар, Скопје ќе настапи на манифестацијата „Добредојдовте дома 2013“ во Љубљана, со претставата „Стрипот отров – пари куп“, од авторот Милош Микелн, а во режија на Ангела Стојановска.
Претставата со која годинава се претставија на 11. Детски фестивал на театарски соништа во Словенечкиот младински театар во Љубљана и на 49. Драмски аматерски фестивал на Македонија – ДАФ 2013 во Кочани, ќе биде одиграна на вечрва на сцената на Конгресниот плоштад во Љубљана.
Настапот ќе биде изведен во соработка со вокално – инструменталната група „Маталаја“ од Словењ Градец – Република Словенија.