Театарот „Сенки и облаци“ гостува во Велес

Од:

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер ќе гостува театарот „Сенки и облаци“ од Скопје, кој премиерно ќе ја изведе претставата „Приказни од ходникот“.

Таа на забавен начин едуцира за начините на кои се пренесува ХИВ/СИДА и за правилна заштита од сексуално преносливи болести. Петнаесет млади креативци низ театар на сенки создадоа приказни со цел да ја зголемат свеста кај младите за овој глобален проблем.

Од претставата ќе биде изработено видео кое фондацијата „MTV staying alive” ќе го дистрибуира преку својата мрежа за едукација на младите ширум светот.

Проектот е поддржан од Младинскиот културен центар-Скопје, невладината Х.Е.Р.А и Y-PEER Македонија.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“