Театарот Ла Мама од Њујорк на 39. издание на Млад Отворен Театар

Од:

Со претстава на театарот Ла Мама од Њујорк во Младинскиот Културен Центар ќе започне 39. Млад Отворен Театар кој ќе се одржи од 19 до 26 септември на седум различни сцени низ Скопје (МКЦ, МОБ, Универзална Сала, Драмски театар, Театаер за деца и младинци, сцена Зебра и еден автобус на ЈСП).

Директорот на МКЦ Златко Стевковски денеска на прес-конференција најави дека на фестивалот оваа година ќе настапат многу значајни домашни и регионални продукции и театри.

– Уметничкиот совет на фестивалот ја селектираше богатата фестивалска програма која ги носи најзначајните домашни и регионални продукции, гостувања на театри од Мексико, Белгија, Америка, Италија…, а првпат домашната публика ќе има можност да погледне претстава од продукцијата Оф Бродвеј, истакна Стефковски.

За градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ова издание на МОТ ќе биде најдобро досега за што, како што рече, има обезбедени многу предуслови, како што е добрата организација и условите во МКЦ за кој Градот во изминатите години несебично се залага.

За програмата на овогодинашниот МОТ обезбедени се 6 милиони денари од кои 4,5 милиони од Министерството за култура и 1,5 милиони денари од Град Скопје. Билетите кои се во ограничен број ќе чинат по 150 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од 12 септември.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ