Театар Комедија ја почнува новата сезона со „Хамлет во пикантен сос“

Од:

Театар Комедија задутре, 11 септември, ќе ја почне новата сезона со „Хамлет во пикантен сос“, претстава со која на 49. МТФ „Војдан Черодрински“ освои награда за најдобар млад актер – Атанас Атанасовски за улогата на Хамлет.

Театарот соопшти дека  ќе почне да го спроведува проектот на Владата за бесплатен влез за студенти во четврток.

– Со приложување индекс на билетарницата на театарот студентите ќе добијат бесплатен билет. Категоријата на лица до 27 години за која важеше попустот од  50 отсто, од оваа година е проширена и сега лица до 29 години ќе можат купат билет на половина цена, информира Театар Комедија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он