„Танец“ ќе го отвори Балканскиот фестивал во Охрид

Од:

Во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 6 до 11 јули во Охрид ќе се одржи 52. издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“.

Фестивалот, како што информира денеска на прес-конференција директорката на ЦК Григор Прличев“ Драгана Боцеска, ќе го отвори Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“, а финансиски е поддржан од Министерството за култура.

– На отворањето „Танец“ ќе настапи со програма која досега ја нема прикажувано во Македонија. Со програмата со која гостуваше во Шведска и Австрија и премиерно ќе биде изведена за отворањето на 52. Балкански фестивал, истакна Боцеска.

Покрај балканските земји, интенцијата на фестивалот, според Боцеска, е секоја година да има учесници и од земји кои подолго време не учествувале.

– Ќе имаме шест богати фестивалски вечери со интересен фолклор, ќе видиме нешто на што сме навикнати како публика со гости од Балканот, но ќе бидат интересни и гостите од Италија, Унгарија и Шпанија кои подолго време беа присутни, најави Боцеска.

На втората фестивалска вечер ќе настапат ансамблите „Осиек 1862“ од Хрватска и „Абант Изет Бејсал“ од Турција, како и КУД „Илинден“ од Велгошти.

Следниот ден пред публиката ќе се претстават ансамблите „Светозар Марковиќ“ од Србија и „Отекс“ од Охрид, на 9 јули ќе настапат ансамблите „Бисери“ од Охрид, „Златица“ од Бугарија и „Марболени“ од Шпанија, на 10 настап ќе имаат ансамблите „Пролетер од БиХ и „Трислече“ од Италија, а на последната фестивалска вечер ансамблите „Зора“ од Унгарија, „Курпианка“ од Полска и „Никола Јанков Вапцаров“ од Скопје.

Манифестацијата ќе се одржи на сцената Долни Сарај, а влезот за гледачите ќе биде слободен.

Би можело да ве интересира

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ