„Танц фест“ годинава првпат и во Велес

Од:

Во рамки на 11. „Танц фест“, кој годинава првпат се одржува и во Велес, синоќа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ се одржа гала-вечер на „Танцлаб“ и премиера на „Амбивалентност“ во кореографија на Валентино Апостоловски и во режија на Хана Миленковска.

Васил Зафирчев, уметнички директор на Велешкиот театар, изјави дека е големо значењето што во рамки на манифестацијата „Велес Град на културата-2015“ велешани првпат имаат убава можност во својот град да проследат и танцов фестивал.

– Имаат ретка можност да уживаат во прекрасните танцови музички кореографии и спектакли, а благодарение на големата поддршка што ја добиваат од Министерството за култура, во соработка и координација со Општина Велес и Народниот театар, истакна Зафирчев.

Во новата театарска зграда во Велес вечер ќе биде изведена танцовата претстава „Сите мои слики“, во кореографија и режија на Рисима Рисмкин, во изведба на Скопје танцов театар.

Во Велес ќе биде и затворен годинашниот „Танц фест“ – на 28 април, со ексклузивно гостување на светската атракција „Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг со спектаклот „Kung Fu Dance Gatеway“.

Би можело да ве интересира

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега