„Танц фест 2021“ од 1 до 7 јуни под мотото „Украдени движења“

Од:

Под мотото „Украдени движења“, од 1 до 7 јуни 2021 ќе се одржува 17-тиот Фестивал за современ танц „Танц фест Скопје 2021“ на повеќе сцени во Скопје, а една од претставите и во Домот на културата во Тетово.

Најавено е гостување на танчарот Жигон Крајнчан од Љубљана со претставата „Fusion With Myself“, Загрепскиот танцов ансамбл ќе настапи со кореографијата „Ревел Ревел“ на Розе Лопез Еспиноза од Шпанија, а публиката во Скопје и Тетово ќе има можност да ја види и изведбата „Ман Рек“ на францускиот танчар и кореограф Амала Дианор.

На фестивалот ќе се претстават и младите короеграфи Адријана Данчевска со „Не ми ги допирај очите“, Филип Петковски со танцовиот филм „Витро“, Валентино Апостоловски кој во соработка со режисерот Благој Мицевски ќе го изведе делото „Најлон“ и Дејан Битровски со „Ѓаволска дупка“.

Во рамки на фестивалот своја програма ќе имаат и студентите по современ танц од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а втората генерација студенти од Катедрата за современ танц при Филмската академија ќе ја изведат нивната дипломска кореографија.

– Скопје танцовиот театар ќе го одбележи својот 10-годишен јубилеј со кореографијата „Меѓусвет“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и сценографија на Матеа Мијановиќ, која е инспирирана од песната „Убавите жени“ на Блаже Конески. Со оваа претстава, Скопје танцовиот театар дава свој придонес во славењето на великанот на македонскиот јазик Блаже Конески и одбележување 100 години од неговото раѓање, информира „Танц фест“.

Традиционално, на фестивалот ќе бидат доделени и наградите „Менада“ – за врвно остварување и животно дело во областа на танцот и за млад уметник, а ќе има и омаж во сеќавање на творештвото на истакнатиот балетски уметник Тони Баталаков.

За младата генерација ќе се одржи „Отворена програма“ со настапи на танцови студија од Битола, Скопје, Струмица, Велес и Куманово, како и повеќе работилници за современ танц со гостите од странство.

Влезот за сите претстави е слободен, со ограничен број на места, во согласност со здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19.

Организирањето на „Танц фест“ е поддржано од Министерството за култура, амбасадите на Холандија и Франција, Францускиот институт Скопје, Театроскоп Белград и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Две сребра за македонската делегација на шампионатот во танц како спорт на Специјалната олимпијада во Грац

Ана Ололовска

Искра Шукарова гостува на интернационалниот фестивал за современ танц „Laiks Dejot 2021“

Ана Ололовска

Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин во март ќе гостуваат во театарот „Шајо“ во Париз

Ана Ололовска

Со „Man Rec” и „Не ми ги допирај очите“ вечер се затвора Танц Фест 2021

Ана Ололовска

Претставата „Меѓусвет“ на Рисимкин за одбележување на 10-годишниот јубилеј на Скопје танцов театар

Ана Ололовска

Катедрата за танц при УГД доби простории во Домот на Армијата во Скопје

Ана Ололовска