Светски ден на водите

Од:

Под мотото „Природата за водата-одговорот е во природата“ денеска во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде одбележан Светскиот ден на водите.

Организатори се Институтот за јавно здравје на Република Македонија и Продукција Кат од Скопје.

Невладината организација Новинари за човекови права пред МКЦ ќе има свој штанд и ќе се вклучи во одбележувањето на Свтескиот ден на водите.

Светски ден на водите

Од:

Со повеќе манифестации организирани од невладини организации Македонија денеска ќе го одбележи Светскиот ден на водите.

Изложба на фотографии, поезија и цртежи, едукативни работилници, поставување штандови со промотивни материјали, едукативно-информативна комуникација со граѓани и спроведување анкета се само дел од предвидените активности. Со нив ќе бидат опфатени различни целни групи, на различна возраст, со различна професионална позадина и со различни животни навики, деца од градинка и во основно училиште, бизнисмени и спортисти, родители и уметници. Целта е, како што велат организаторите, да се прикаже водата како непоходен ресурс за живот и да се подигне свеста за нејзината важност.

Во фокусот ќе бидат најмладите кај кои, преку интересни презентации и интерактивни игри, ќе се поттикнат навиките водата да стане неразделен дел од нивниот секојдневен живот.

Преку реализацијата на овој вид кампања Македонија ќе се најде на светската мапа на земји кои се залагаат за пристап кон чиста вода за сите жители на планетата и нејзина афирмација.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на водите ќе се собираат и донации за проект во Кенија.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје