Светски ден на театарот

Од:

Театарот може да ни каже се – и како боговите живеат на небо, и како затворениците скапуваат во пештерите, и како страста возвишува, и како љубовта погубува, и како добриот човек не е потребен и како измамата царува, и како луѓето живеат по станови додека деца венеат по кампови за бегалци, и како сите потоа треба да се вратат во пустината, и како заљубените се разделуваат. Театарот може да ни раскаже се.

Ова го пишува рускиот режисер Анатолиј Василев во годинашната меѓународна порака за одбележувањето на Светскиот ден на театарот 27 Март, во која тој наведува дека во последниве педесет или седумдесет години, театарат е особено потребен.

Анатолиј Василев режисер

– Затоа што од сите јавни уметности само театарот се случува од уста в уста, од очи в очи, од раце в раце, од тело – кон тело… Театарот е потребно да е секаков. Само еден театар е непотребен. Тоа е театарот на политичките игри, театарот на политичките стапици, театарот на политичарите, политичкиот театар. Театарот на секојдневниот терор – личен и колективен, театар на трупови и театарот на крв на улиците и плоштадите, во главните градови и провинциите, меѓу религиите и етникумите, пишува Василев во пораката.

Режисерот Бранко Ставрев, пак, автор на македонската порака за Светскиот ден на театарот во 2016-та, прашува:  Може ли театарот со „добра игра“ да ги надополни недостатоците на драмата?

– Недоразбирањата, протестите, митинзите, делбите – му ја одземаат силата на театарот. Кризата низ која минува ова овде и сега е се подлабока. Отворена е кутијата на Пандора, на улицата ни се „окотува волчица“. Трагичното овде и сега ќе бара од театарот одново и одново да ја преиспитува сопствената функција. Очебијно е дека ќе му биде потребна огромна енергија за да одговори на судбоносното прашање: Што да се прави кога реката на животот се излеала од коритото и ги поплавува сите надежи?, пишува Ставрев.

Театарот, наведува Ставрев, ќе мора овие потресни библиски фрески и гротески и сите други настани од споулавениот уличен театар на нашето неспокојно катадневие да ги внесе во својот храм, каде што им е местото.

Бранко Ставрев режисер

– И да им го подметне старото Хамлетово огледало на природата, кое на доблеста и овој пат ќе и ги покаже нејзините црти, на презирот неговата слика, а на самиот век и тело на времето, нивниот облик и отпечаток, напиша режисерот Ставрев во годинашната македонска порака.

Светскиот ден на театарот е востановен во 1961 година од Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Се одбележува секоја година на 27 март кога пред изведувањето на претставите на сцените низ светот се читаат меѓународна и национална порака за значењето на театарот.

Би можело да ве интересира

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Светски ден на театарот

Од:

Театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни и креативни идеи. Отворена врата за секоја нова генерација на театарски создаватели кои се должни да го надградуваат и да го унапредуваат. Театарот е континуитет и мора постојано да се движи напред, не смее да има празен од, напиша Мими Таневска, актерка и професор на Факултетот за драмски уметности во македонската порака по повод 27 Март – Светскиот ден на театарот.

– Театарот треба да биде доследен на својата цел: да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите,  вели Таневска во пораката. Таа ќе биде прочитана во сите театри денеска, кога се празнува денот на театарот, заедно со  светската порака која годинава ја напиша нобеловецот Дарио Фо.

По повод Светскиот ден на театарот, премиерно ќе биде прикажан и краток филм кој го направи Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт во соработка со ИТИ Париз, УНЕСКО. Видеото е со  актерката Ирена Ристиќ и во режија на Ана Јакимска. На Универзитетот Евро Балкан, каде што е  седиштето на новиот Македонски центар на Интернационалниот театарски институт, вечер ќе има и панел-дискусија на тема: „Какви театарски продукции посакувам/е? Какви видови театри/репертоари ни се потребни?“

Светскиот ден на театарот се одбележува од 1962 година. Датумот 27 март е избран зашто на тој ден пред 51 година е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз. Бил предложен година пред тоа, во јуни 1961 во Виена, на 9. Светски конгрес на Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Овој ден на различни начини се прославува во речиси сто  национални центри на ИТИ низ светот, а пред почетокот на претставите во театрите се чита меѓународната порака.

Македонскиот ИТИ центар го одбележува Светскиот ден на театарот од 1997 и со македонска порака. Нејзини автори во изминатите години беа познати македонски драмски писатели, театарски режисери и актери.

Би можело да ве интересира

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ