Свечено отворање на шестото издание на фестивалот „Киненова“

Од:

Во кино „Милениум“ вечер ќе биде отворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

На отворањето на фестивалот ќе биде доделена наградата за особен придонес на филмската уметност на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула Тозија. Исто така, ќе биде прикажан филмот „Страхиња Бановиќ“ на Стефан Арсенијевиќ.

-„Киненова“ и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди. Им отстапиме простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми, соопштија организаторите.

Од „Киненова“ посочија дека се благонаклонети и кон помалите кинематографии, па имаат и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм.

-Полската и грчката кинематографија се во наш редовен фокус, додека португалскиот филм ни приреди вистинско позитивно изненадување, соопштија од фестивалот.

Проекциите на филмовите се прикажуваат во киното „Милениум“ и Кинотека.

Би можело да ве интересира

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“

Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Ана Ололовска

Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

Ана Ололовска

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“

Ана Ололовска

Шесто издание на филмскиот фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври