Сузана Вренцоска: Не сум партиски кадар, „Охридско лето“ е над личните и политичките интереси

Од:

„Не сум имала увид во финансиското работење на фестивалот и не можам да ја коментирам одлуката на Министерот за култура, со која донесе решение за смена на досегашниот директор Оливер Арсовски“, вели охриѓанката Сузана Вренцоска, која од вчера официјално е в.д директор на фестивалот „Охридско лето“ за Макфакс.

На коментарите дека е зачудувачко именувањето на раководител, кој веќе 5 години е дел од манифестацијата и по логика на нештата е дел од партиските одлуки на поранешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, а сега доаѓа како кадар на новото раководство, таа вели:

„И досега не сум имала никаков притисок од ниту една партија. „Охридско лето“ не е ничија партиска сопственост, а во нејзиното менаџирање учествувам како човек задолжен за односи со јавноста од 2012 година. Не сум ничиј партиски кадар, и не знам зошто е направена смена со поранешниот директор, ниту сум имала увид во неговото финансиско работење. Најодговорно тврдам дека Фестивалот е мојот единствен интерес и неговото интернационално реноме, мора да биде сочувано“, ни рече Вренцоска.

Неофицијално, Оливер Арсовски од директорското место на Националната установа „Охридско лето“ е разрешен, заради тешки кршења на закон и неправилности во работењето. Дел од ова е констатирано во извештајот изготвен по вонредната инспекциска контрола во фестивалот.

По неколку обиди да го контактираме, тој не е достапен за новинарски прашања.

Од почетокот на фестивалот Арсовски наложил затворање на влезот за новинарите во официјалниот фестиваски прес центар, и се обидел да ги „затвори“ сите информации за јавноста.

Користејќи ги своите ингеренции како поранешен директор на Македонската опера и балет со која менаџираше како директор пред доаѓањето во „Охридско лето“ во 2016 година, во фестивалот донел луѓе кои хонорарно ќе работат како добавувачи и клиенти на фестивалот.

Арсовски од 2014-2015 година раководеше со музичкиот фестивал „Макфест“, кога исто така во јавноста допреа информации за финансиски проневери.

Тој пред една година дојде на местото на Елизабета Јанкуловска која беше на ова место од 2007-2010 година.

Од Министерството за култура велат, дека и оваа кадровска промена е правно поткрепена и иницирана, и не станува збор за партиски реваншизам.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма