Студентска изложба на идните дизајнери на мебел и ентериер

Од:

Прва изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе биде отворена вечер во Музејот на Град Скопје и ќе може да се посети до 2 јуни.

Ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети со кои студентите – идни дизајнери на мебел и ентериер ќе ѝ го претстават на јавноста изработеното во текот на студиите од предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање – основи и реализација, Индустриски дизајн – современи движења и Резбарство.

Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер е единствена високообразовна и научно-истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер. Основан е во 2010 година како следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање мебел и ентериер, што до учебната 2009/2010 година се организираа на студиските програми на Шумарскиот факултет при УКИМ.

На свеченото отворање на изложбата вечер од 19 часот ќе се обратат деканот, проф. д-р Зоран Трпоски, и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска