„Студент ФМ“ распишува конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант

Од:

„Студент ФМ“, радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, петти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант „Поезија во глувата соба“.

Право на учество имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка. Заинтересираните потребно е да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со податоците-име, презиме, факултет и контакт на е-маил адресата: [email protected] најдоцна до 31 март годинава.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата на „Студент ФМ“ 92,9.

Би можело да ве интересира

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ