Струшкиот Музеј со низа проекти за заштита и промоција на природното и културно наследство

Од:

Превентивна заштита на музејските експонати од штетници, втора фаза од осовременување на депоата, конзервација на керамички материјал од археолошката збирка и конзервација на метални предмети се само дел од проектите одобрени во Годишната програма за работа на националните установи на Министерството за култура за Музејот „Д-р Никола Незлобински“.

Директорот на Музејот Милован Шутиноски денеска информира дека одобрен е и проектот за изработка на елаборат за ревалоризација на збирката уметнички дела од Вангел Коџоман, замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема „Лековитите растенија на планината Јабланица“, а предвидени се и едукативни работилници „Рибите во Охридското Езеро“ и „Културно наследство од Струга и Струшко“, како и изработка на промотивен и рекламен материјал.

– Проектите кои се поддржани ги опфаќаат сите одделенија на Музејот, внимание е посветено на заштита на музејските збирки и експонати. Постојано ќе биде надоградувана едукативната функција на музејот, а се работи и на негова промоција и богатото природно и културно наследство кое го содржи и претставува Музејот „Д-р Никола Незлобински“, истакна Шутиноски.

Тој посочи дека предвидени се и други активности со кои ќе се збогати културната понуда на Музејот, а работат и на вмрежување на национално и меѓународно ниво од каде што очекуваат нови соработки и проекти во интерес на богатото природно и културно наследство на Струга и на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски