Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март

Од:

Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 16 март. Организациониот одбор денеска ги објави плакатот и програмата за карневалот, кој и годинава ќе трае 8 денови, од 13 до 20 март.

Вообичаено карневалските празнувања почнуваат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.

На 14 март ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а меѓу концертите е предвидено отворање на изложба „30 години во FECC“, а ќе се објават и резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

В петок, на 15 март, ќе одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер на 16 март во 18:30 часот.

Детскиот карневал се одржува традиционалнао на празникот Прочка, в недела на 17 март, а на Чист Понеделник (18 март) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.

Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

Карневалот завршува на 20 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.

Инаку, датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

Би можело да ве интересира

Флекс Кредит еден од генералните спонзори на Струмичкиот карневал

Карневалските празнувања во Струмица продолжија со Детскиот карневал

Цел свет на дланка на Струмичкиот карневал

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Вечер почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Неприфатливо е во Струмица да има маска со ликот на Хитлер – реакција на Еврејската заедница

Катерина Ѓуровски