Струмички театар со осум претстави во годинашната сезона

Од:

Народниот театар “Антон Панов” од Струмица со осум претстави најавува богата и разновидна театарска сезона за оваа година.

– Не чукај блиску до срцето” прво драмско дело на струмичанецот Митко Бојаџиев, ”Подзија” од Христо Бојчев и “1984” од Џон Орвел се трите проекти, кои од предложените 5 добија виза од Министерството за култура, за годинашниов репертоар на Театарот “Антон Панов” во Струмица.

Според уметничкиот раководител Драган Маџиров, ова покажува дека предложените проекти биле издржани и го поминаа филтерот на Министерството за култура.

– Покрај овие три, еден проект ќе работиме во копродукција со авторот и режисер Јани Бојаџи, а станува збор за претставата со работен наслов “Свети дух”. Во сопствена продукција, нашиот Театар ќе ги постави светскиот драмски бестселер “Емигранти” од Мрожек, дуодрамата “Ками-нот”,во која играат младите актери Коста Ангов и Јасмина Вучкова, монодрамата “Ѓешо”, со која актерот Бранко Бенинов одбележува три децении работа во Театарот и ремиксот на ”Бледица“ од Васил Манчев, а во режија на Ќире Ѓоргиев, изјави Драган Маџиров.

Деновиве во Тетарарот интензивно течат мизасценските проби на претставата “Ками-нот” од Маргрит Минков, а во режија на Васил Михаил,чија што премиера е најавена за 8 март.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“