ФОТО: Струмица уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите карневалски градови во светот

Од:

Уште едно издание за паметење и потврда дека струмичкиот карневал е меѓу најдобрите во светот, се случи синоќа на главната интернационална карневалска вечер.

Прекрасните карневалски креации на домашните и странските карневалски групи ги воодушевија и жири комисијата и публиката, потврдувајќи дека Струмица е вистинското место за доживување на карневалската магија.

Плоштадот „Гоце Делчев“ беше светот во мало на кој се презентираа повеќе култури и традиции на домашните и карневалските групи од Москва, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, Аруба, Бугарија.

Најновото карневалско издание го следеа и претставници на дипломатскиот кор во државата, пријатели и поддржувачи на карневалот, а со своите сограѓани беше и поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој во трите мандати и даваше максимална поддршка на оваа вековна традиција со што Струмица се најде на листата на најдобрите 20 карневалски градови во светот.

Би можело да ве интересира

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски