„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со изложба на икони од зографот Григориј Пецанов

Од:

Со изложбата на икони од 19 век на струмичкиот зограф Григориј Пецанов, „Богатство што треба да се види“, вечер продолжува манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

Изложбата ја организира НУ „Завод и музеј Струмица“, а ќе биде поставена во галеријата на оваа институција.

Задутре настаните продолжуваат со комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Донецети во режија на Трајко Јордановски, а под диригентска палка на Андреј Наунов. Настапуваат солистите Полина Тасева, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски.

На 11-ти овој месец во Основното училиште „Герас Цунев“ во Просениково ќе се одржи час по фолклор, на кој ќе предава познатиот фолклорист од Струмица, Иван Котев.

До крајот на месецот организаторите на „Струмица-град на културата 2021“ планираат одржување на Концерт „Класика за Струмица“, изложба и завршување на активностите по повод месецот на книгата „Библиотекарите во посета на основните училишта“, која се спроведува од 1 до 30 ноември.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски