Во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип вечер од 18 часот ќе биде отворена „Стрип во Штип“ – прва самостојна изложба на стрип-дела изработени по текстови на штипскиот сценарист Александар Стеванов, кој неодамна го доби признанието „Љупчо Филипов“ за развој и афирмација на стрипот во Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени десетина стрипа, односно педесетина стрип-табли, од кои дел се и наградувани. Илустратори се уметниците Весна Ничевска, Дарко Богданов, Елиза де Соуза, Стефан Коцевски, Кирси Салонен, Јована Велинова, Анастасија Великанова, Мирко Бојаџијевски, Наташа Коњевиќ и Катерина Николовска-Тери.
Штипската публика ќе има можност да ја посети изложбата во наредните десетина дена.