Македонската стрип сцена денеска ќе биде претставена на изложба „Деветтата димензија” што ја организираат Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје и издавачката куќа „Стрип Квадрат“.
Со стрип табли и албуми ќе бидат претставени повеќе македонски автори, како и уникатните „Мак стрип“ изданија и други стрип списанија кои НУБ ги има сочувано во своите фондови.
Изложбата ќе се одржи во холот на НУБ, а ќе ја отвори директорот на библиотеката Иван К. Заров.