Стрип центарот на Македонија – Велес на изложба во Урошевац

Од:

Стрип Центарот на Македонија-Велес синоќа на изложба во Уметничката галерија во Урошевац што ја организира Здружението на карикатуристи „ХИТНИ“, ја промовира својата стрип книга „Порто Палермо“ од младата Герта Опараку од Албанија.

Како што информира за МИА, Томе Трајков од СЦМ-Велес, стрип книгата на Герта Опараку била одлично примена и со голем интерес од тамошната публика.

– Ние ја издадовме оваа стрип книга и секоја промоција е поттик за нас да продолжиме со издавачката дејност на СЦМ-Велес. На изложбата беа преставени и стрипови од млади стрип автори од Косово, а кои веќе беа објавени на Интернационалниот стрип салон во Велес. Посебно ме радува фактот што ние бевме тие кои први ги промовираа и афирмираа овие млади автори од Косово, а кои сега успешно се претставуваат и пред својата публика и пошироко, потенцира Трајков.

Тој информира дека го промовирале и Интернационалниот стрип конкурс што СЦМ-Велес,традиционално го организира во склоп на Интернационалниот стрип салон „ВЕЛЕС 2018“.

Крајниот рок за пријавување е 15 август 2018, а за повеќе информации заинтересираните може да се обратат преку меилот  [email protected].

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он