Стотици новопронајдени артефакти на годишната изложба во Археолошки музеј

Од:

Во НУ Археолошки музеј на Македонија во среда ќе биде отворена „Археолошка изложба 2015“, деветта година по ред во организација на Управата за заштита на културното наследство. На оваа изложба ќе бидат изложени најзначајните археолошки пронајдоци откриени во текот на годината, стотици артефакти од десетици археолошки локалитети, некои познати во научната сфера, а некои за првпат откриени изминатава година.

Со проектот „Археолошки катастар на Република Македонија“ се изведени интензивни теренски активности на старите градови и тврдини во територијата на Македонија.  Пронајдени се стотици сребрени и бронзени монети од антиката и средниот век, како и други археолошки наоди. Околу педест проценти од истражуваните локалитети се за првпат откриени токму во 2015 година.

Наодите од истражувањата на античкиот театар во Скупи исто така заземаат значен дел од поставката. Минатава година најголемиот антички театар во Македонија, и пошироко, е целосно археолошки истражен и започната е конзервација на сценската зграда.

Поставката ги вклучува и веќе добро познатите наоѓалишта – античките цивлизациски градски центри: Билазора кај Свети Николе, каде што се истражува т.н. владетелска палата од IV и V век п.н.е.; извонредно богатиот пајонско-македонски град на Градиште кај селото Младо Нагоричане, Кумановско; античкиот град Стибера во областа Девриоп; потоа Пелагонија, главен град на истоименото античкото кралство, на локалитетот Старо Бонче, Прилепско; праисториската опсерваторија Кокино во Кумановско; потоа за првпат годинава античкиот град во Кичево, на локалитетот Китино Кале во Кичево и Еминбеговата кула во Кратово.

Истражувањата на споменатите локалитети се дел од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, а во координација на Управата за заштита на културното наследство, и се реализираат преку установите: НУ Археолошки музеј на Македонија; Музеј на град Скопје; Филозофски факулетет – Скопје; Заводите и Музеите од Прилеп и Охрид; НУ Музеј – Куманово; Народен музеј – Свети Николе; Музеј на град Кратово и ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска