„Стихови за душата“ за сите генерации на поетскиот митинг во општина Илинден

Од:

Во театарската сала на Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден синоќа се одржа централниот настан од годинешната 16-та Литературна манифестација „Илинден 2015“ – поетскиот митинг „Стихови за душата“.

Покрај домашните автори Веле Смилевски, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Гордана Михаилова Бошњаковска…со свој настап поетскиот митинг го збогатија Јожев Бенце, амбасадор на Република Унгарија во нашата земја, кој истовремено е и познат писател од оваа земја, потоа Ана Баграјана од Украина, Димитар Христов од Бугарија и Љерка Тот Наумова од Хрватска.

– Денес сум особено среќен што имам чест да го отворам овој величествен настан, овој празник на пишаниот збор – поетскиот митинг „Стихови за душата“, како централен настан на 16-та Литературна манифестација „Илинден 2015“. Вистина се чувствувам прекрасно сред толку многу познати имиња во областа на литературата, толку многу врвни пера кои што оставија траен белег во македонската проза и поезија. Горд сум што денес и цела оваа седмица општина Илинден е средиштето на културата во нашата земја, центар на македонската и балканската поезија, истакна градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Општина Илинден, како што додаде, ја има таа чест да биде домаќин на поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија, што го сочинуваат 25 автори. – Вистинска привилегија која што не се случува секој ден, истакна Стојановски.

На присутните во името на Друштвото на писателите на Македонија им се обрати претседателот Веле Смилевски, кој го истакна своето задоволство што присуствува на ваков настан.

На сите учесници во манифестацијата градоначалникот Стојановски им врачи посебни признанија.

Би можело да ве интересира

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ