Стефоска за резултатите од конкурсот: Распределени се 11 милион евра,селекција од рекордни 6352 проекти

Од:

Со вонреден напор и под голем притисок кон Комисиите, успеавме да ги селектираме најдобрите проекти за кои единствен критериум беше квалитетот, рече министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес конференција за резултатите од годишниот конкурс за проекти од национален интерес од културата. На конкурсот биле пристигнати рекордни 6352 проекти а вкупниот буџет изнесувал 11 милиони евра.

„Знам дека оваа прес конференција најмногу ја очекуваат уметниците и културните работници. Сакам да нагласам дека буџетот ни е намален за 3 милиони евра од причини за недомаќинско работење во минатото. Значи, доделени се толку средства со колку што располагавме, односно 11 милиони евра и ние нема да го пречекориме овој буџет.“, рече Стефоска.

Таа се забалгодари на членовите на Комисиите кои одлучувале под голем притисок но направиле правична и фер селекција.

„Од овој момент одговорноста е моја. Разочарана сум дека добар дел од корисниците на проекти барале средства кои не се разумни и исто така за проекти кои не можат да се завршат во услови на пандемија.Исто така имаше нецелосно пополнети апликации и затоа мора да работиме на висока свест за отчетност. Исто така сум разочарана штро има корисници кои се извештиле да го надмудруваат конкурсот, односн се протнуваат низ дупките на системот, рече Стефоска.

Според неа на конкурсот се појавувале исти лица, во различни функции и практично си конкурирале на самите себе.

„ Неретки се оние кои аплицираат со проекти со кои веќе биле поддржани и други неправилности. Во ваква комплексна атмосфера моравме да обезбедиме правича дистрибуција. Критерумите беа квалитетот, релевантност, поддршка на млади и оригинални автори, маргинални групи и тоа со реално вреднување на трудот. Мултикултрноста е срцето на нашата земја но мора да се одлучува по квалитет, а не припадник на етничка заедница. Ме радува фактот дека има проекти за деметрополизација на културата, овој конкурс не може да ги реши сите проблем, но ова е првиот чекор за усовршување на целиот систем, рече Стефоска.

Таа апелираше дека најбрзо треба да биде донесен новиот Закон за јавен интерес кој го очекуваат 3500 корисници. Исто така нагласи дека роковите за завршување на проектите ќе бидат пролонгирани, бидејќи се земени во предвид условите со пандемијата.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ