Средба Алаѓозовски – Насков во Битола

Од:

Пред вечерашното свечено затворање на 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, министерот за култура Роберт Алаѓозовски оствари средба со претседателот на Друштвото на филмски работници, Роберт Насков, на која разговарале за прашања од интерес за филмската дејност.

– Разговаравме за потребата од измени или сосема нов закон за филмска дејност што во процедура би влегол по локалните избори, како и за одредени проблеми кои ги мачат филмските работници, рече Алаѓозовски по средбата.

Министерот меѓу другото се интересирал и за годинашниот претставник на Македонија за Оскар.

– Без никаква намера да ја нарушувам автономијата на работата на Друштвото на филмски работници на Македонија, кое е еснафско здружение на граѓани и имајќи го предвид јавниот интерес детално се запознав со процедурите и начинот на избор на кандидатот за македонски претставник за наградата Оскар. Бев информиран дека одлуката за македонскиот кандидат ја носи седумчлена комисија која е одобрена од Американската филмска академија. И во претходните години се случувало Македонија да нема свој претставник за Оскар, тогаш кога комисијата сметала дека нема соодветен кандидат. ДФРМ е филмска асоцијација која е партнер на Американската филмска академија за подвижни слики наука и уметност, и е сосема автономна во изборот на кандидатот, изјави Алаѓозовски.

Насков рече дека со министерот разговарале за проблемите со кои се соочуваат македонските филмски работници.

– Ме радува што се сложивме дека е најважно во скоро време да пристапиме кон изготвување на нов закон за филмска дејност. Верувам дека во соработка со Агенцијата за филм и Министерството за култура ќе изработиме закон за кој ќе овозможи подобро функционирање на филмската дејност во насока на изработка на поквалитетни македонски филмови, истакна Насков.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи