Спуштена завесата на 61-то „Охридско лето“

Од:

Со фестивалската химна и огномет и со претставата „На отворено море“ на Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград, вчеравечер на Античкиот театар во Охрид беше затворен 61-виот фестивал „Охридско лето“.

Актерската екипа на ЈДП ја изведе семејната драма со политички конотации од српскиот комедиограф Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин. Текстот е напишан одамна, но приказната зборува и за денешново време – за корупцијата, распродажбата на сѐ и сешто, па дури и на љубовта и семејниот мир заради упехот и богатството.

Според режисерот Савин, тоа е општествена комедија со трагични елементи.

– Нушиќ е најгенијалниот српски драмски писател, и тоа не само како комедиограф. Јас го имав задоволството да ја работам неговата драма „Така мораше да биде“, со голем успех. Ја работев и социјалната драма „Зад Божјиот грб“, и оваа е трета негова драма. „На отворено море“ е една од најзначајните во драмскиот опус на Нушиќ, рече Савин, според кого „Охридско лето“ и „Дубровничките летни игри“ се последниот бедем на големите сериозни летни фестивали кои ја слават уметноста.

Директорката на националната установа „Охридско лето“ Наташа Поповиќ им се заблагодари на сите што годинава се вклучија во организирањето на фестивалот. Таа истакна дека годинава е испишана уште една успешна приказна во историјата на фестивалот кој успеа да ја прослави уметноста и во време кога се соочуваме со Ковид-19.

-Понудивме богати и квалитетни уметнички вечери со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста имаа можност да уживаат на фестивалската сцена, од каде по 61-ви пат се славеше врвната уметност, рече Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма