Специјална награда за „Бикини Мун“ на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто

Од:

„Бикини Мун“ на Милчо Манчевски освои Специјална награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, што е прва награда за неговиот петти игран филм. На „Фантаспорто“ Манчевски пред две години беше лауреат на наградата за животно дело, соопшти „Банана филм“.

„Бикини Мун“ премиерно игра во САД, каде завчера имаше американска премиера на фестивалот „Синеквест“ во Сан Хозе, Калифорнија.

– Филмот доби одлични рецезии по премиерата на „Синеквест“: „’Бикини Мун“ е воодушевувачки брилијантен филм“, „Целосно свежо и оригинално дело на режисерски маестро“, „Ова е филм каков што ‘Обликот на водата’ сакал да биде, ама не знаел како“, напиша меѓу другото американската критика, наведува „Банана филм“.

Американско-германската копродукција „Бикини Мун“ на „Синеквест“ ќе биде прикажан четири пати во програмата „Живот“, која го најавува филмот со зборовите „Царствата на умот се бескрајни и чудесни“.

Реномираниот „Синеквест“ е избран за најдобар филмски фестивал од читателите на „УСА тудеј“ и се одржува во Силиконската Долина.

Во текот на март „Бикини Мун“ ќе игра и на еден од најголемите американски фестивали на независен филм во Сарасота, а во Европа ќе се прикаже и на фестивалот во Софија и Истанбул.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ