Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во рамките на својата редовна програма, годинава за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија.
По тој повод, во кино-салата на Кинотека на Македонија, денеска со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува амбасадорот на Ирска за Романија, С Македонија и Молдавија, Пол МекГери, кој ќе ја отвори свеченоста, а потоа ќе следува проекција на црната комедија „Привлечен ѓавол“ на ирскиот режисер Џон Батлер.
Останатиот дел од програмата на фестивалот, во чиј фокус е ирската кинематографија, во наредните три дена ќе се емитува на телевизија 24, меѓу кои се два филма на прославениот ирски режисер Дејвид Глисон, како и моќниот документарен филм „ГЛАД“ каде наратор е Лијам Нисон.
Програмата се реализира во соработка и поддршка на Ирската амбасада во Букурешт.