Современа музичка драма „Само глас“ вечерва во МНТ

Од:

Во Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва на програмата на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одигра комуникациска современа музичка драма „Само глас“.

Претставата е во продукција на МНТ, а автор е Нина Плавањац. Улогите се Таа, која ја исполнува Звездана Ангелова и Тој – снимениот глас на Никола Ристановски. Балетан е Мирослав Митрашиновиќ, додека режисер, композитор, сценограф и дизајнер на светло е Марјан Неќак.

Како што појаснува авторката Нина Плавањац, „Само глас“ е приказна за млада и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.

Од Дирекција за култура и уметност – Скопје информираат дека претставата ќе се одигра согласно протоколите за одржување на настани, а билетите ќе може да се купат на www.mnt.mk како и на билетарата на Македонскиот народен театар.

Во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ утре во Музејот на македонската борба ќе се одржи концертот „Вечер со руски романси“.

Ќе се изведуваат соло песни од руски автори, а учествуваат: Македонка Петреска – сопран, Ивона Огненовска – мецо-сопран, Елена Васова – сопран, Сара Јанева – мецо – сопран, Марија Ѓеорѓиевска – сопран, Фјола Исеини – сопран, Мариана Бошковска – мецо-сопран, Билјана Камчева – сопран и Давид Миладинов – баритон. Музички соработник и водител е м-р Елена Силјановска.

Влезот ќе се регулира со билети по фестивалска цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Музејот.

Во сабота во Центарот за култура Кисела Вода – КВК кино ќе се одигра театарската претстава „Смртта на Дантон“.  Автор на претставата е Георг Бихнер, а е во продукција на ЈОУ Дом на култура КВК Скопје, во копродукција со Театар Фабрика.

Рeжисер е Андреј Цветановски, Сценограф и костимограф – Сергеј Светозарев, Асистент на режија – Борјан Стојков, а играат: Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Александар Михајловски, Ане Блажовски, Наталија Теодосиева, Марија Кондовска, Кристина Гиева.

Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот е слободен.

Целосната програма за „Скопско лето“ 2021 е на линкот.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022