Современ израелски филм во Кинотеката на Македонија

Од:

Кинотеката на Македонија во соработка со амбасадорот на Израел за Македонија Дан Оријан и Еврејската заедница во Република Македонија од 2-ри до 6 декември ќе организира филмски циклус посветен на современиот израелски филм.

Ќе бидат прикажани шест филмови со превод на македонски јазик. Филмската ревија во сабота ќе биде отворена со „Хармонија“ во режија на Ори Сиван, со две проекции од 19 и од 21 часот,

Во наредните денови ќе бидат прикажани документарните филмови „Посебна посета на Македонија“ и „Кармелим во Македонија“ – двата во режија на Пјер Лави, филмовите „Татко“, „Витлеем“ и „Најдобрите за мечување“. Шесте филмови се од поновата продукција во израелската кинематографија.

Филмската критичарка Гена Теодосиевска смета дека во последните 20-ина години израелскиот филм го привлекува вниманието на критиката и на филмофилите и публиката.

– Својата најголема меѓународна сатисфакција израелскиот филм ја доживува на најпознатите и најголеми филмски фестивали од највисока категорија во светот, на кои во која било програма е особено тешко да се влезе, а особено кога на нив ги добива и најпрестижните награди, вели Теодосиевска.

Билетите за проекциите се бесплатни и може да се резервираат телефонски (02 3065 968) од 16 до 19 часот на билетарницата на Кинотеката на Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он