„Сонот на Цепенков“ премиерно во Прилепскиот театар

Од:

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Сонот на Цепенков“, според нашиот собирач на македонски народни умотворби Марко Цепенков, а во режија на Кирил Петрески. Ова е прва премиера за годинава и првпат ќе биде поставена кореодрама.

Според режисерот Петрески, ова е доказ дека Цепенков може да се раскаже поинаку.

– Ова е поинаков театар, со многу кореографија и движења. Затоа претставата трае и неполн час. Искуството при работата на претставата е незаменливо. Оставаме на публиката да го каже конечното мислење, истакна на вчерашната средба со новинарите режисерот Петрески.

Кореографијата е на Кире Миладиноски од студиото „Зодијак“, музиката на Чалгија саунд систем. Во претставата играаат Марија Спиркоска Илијоска, Игор Трпче, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Никола Настоски, Јасмина Мицовска-Станкоска, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска.

Прилепскиот театар годинава планира пет премиери, од кои три се со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ