Со „Роденденот на господин Нушиќ“ завршува 54. Охридско лето

Од:

Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Небојша Брадиќ, а во изведба на театарот „Звездара“ од Белград, ќе биде затворено 54. издание на фестивалот Охридско лето.

Дејството на претставата се случува во Белград на 6 ноември 1924 година на денот на роденденот на Нушиќ. Тоа не е обичен ден за обичен човек, туку роденден на големиот писател. Ова всушност е биографска претстава со комични елементи. Заплетот почнува дента кога Нушиќ наместо на свечената церемонија во Народниот театар, оди на Скадарлија да ги види своите блиски пријатели. Следуваат дејства преполни со леснотија и хумор, но измешани со некоја трагична иронија.

Една од најголемите вредности на претставата е што не е краткорочна приредба со примарна намена, туку е поставена да се игра и игра… и да се слави неговото име.

Претставата дава слика на хумор и среќа од една страна и  ранливиот Нушиќ и неговата тага од друга страна, по губењето на својот син единец во војната. Направен е одличен баланс меѓу личните приказни на актерот и општествено-актуелните случувања.

Брадиќ е режисер, кој успешно ги усогласил сите елементи на претставата. Адекватната актерска екипа и драматургијата од тоа време, блескаво се пренесени и визуелно и музички. Небојша Брадиќ дипломирал театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирал повеќе од 70 претстави. Тој е прв добитник на наградата „Никола Пеца Петровиќ“ за најдобар југословенски театарски менаџер, а добитник е и на многу други награди.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма