Со „Реквием за госпоѓа Ј.“ почнува 20. Скопски филмски фестивал

Од:

Со филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ на режисерот Бојан Вулетиќ денеска почнува јубилејното 20. издание на Скопски филмски фестивал.

На програмата од денеска до 28 април ќе се најдат повеќе од 75 филмови, работилници и гостувања на реномирани филмски имиња, во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“.

Филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67. Берлински филмски фестивал, а на свеченото отворање како што е најавено, пред публиката ќе се поклонат легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, како и дел од филмската екипа.

На фестивалот ќе се одржи Ретроспектива на Стенли Кјубрик, на која ќе бидат прикажани пет негови филмови, а на 23 април извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик, Јан Харлан ќе одржи предавање. На 27 април во кино Фросина, ќе се одржи работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ, мултимедијален уметник од Сараево.

Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е македонскиот ликовен уметник Ване Костуранов.

Филмовите се распоредени во осум програми. Најновата македонска филмска комедија во режија на Коле Ангеловски „Ах љубов моја“, како и неколку краткометражни филмови ќе бидат прикажани во програмата на филмови од македонска продукција.

Во Гала програмата ќе биде прикажана комедијата на оскаровецот Фернандо Труеба, „Кралицата на Шпанија“, со Пенелопе Круз, како и „Невидливиот гостин“ на режисерот Ориол Пауло и најновото остварување на Бруно Думон, „Заливот Слек“ со Жулиет Бинош во главната женска улога.

На програмата Авторски филм, ќе бидат прикажани филмовите „Загубени во Париз“ на режисерите Фиона Гордон и Доминик Абел, „Кафуле“ на Алекс де ла Иглесија и вторит дел од полуавтобиографска филмска трилогија „Бесконечна поезија“ на Алехандро Ходоровски.

Како дел од програмата Панорама на светскиот филм, ќе бидат прикажани шест остварувања, меѓу кои се рускиот филм „Ученик“ на режисерот Кирил Серебреников, американскиот „Каков што си“, на Мајлс Џорис-Пејрафит и „Вива“ на режисерот Педи Бретнах.

Вкупно 12 филмови од европска продукција и уште 13 краткометражни шпански филмови, ќе бидат прикажани во рамки на програмата на Краток филм.

Скопје филм фестивал и Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“, годинава преку детската филмска програма „Креираме заедно“, ги вклучуваат и децата во креирањето на фестивалската програма. Во програмата учествуваат ученици со и без попреченост на возраст од 9 до 14 години од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица кои во духот на самозастапување говорат за себе и својот свет преку работилниците за фотографија, видеозапис и ликовно решение за плакатот на детската програма.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ