Со „Отело“ почнува драмската програма на „Охридско лето“

Од:

Драмската програма на годинашното издание на „Охридско лето“ почнува со вечерашната претстава „Отело“ на Вилијам Шекспир во режија на Диего де Бреа, а во изведба на Народниот театар од Битола.

Претставата претставува реално видување дека и најмоќните луѓе имаат чувствително место кое може да се скрши. Текстот е приказна за еден човек кој има целосна контрола врз себе, но влегувајќи во параноидна состојба, се соочува со љубомора и на крајот завршува трагично, што всушност е дел од мајсторството на Шекспир.

Во рамки на „Охридско лето“ вечерва со почеток од 23 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде претставена новата театарска книга на Лилјана Мазова „Отворен круг“.

На претставувањето на книгата што е издание на издавачката куќа „Силсонс“, ќе говорат авторот Лилјана Мазова, директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и актерот Драган Спасов – Дац.

Лилјана Мазова, долгогодишен учесник и сведок на настаните во театарот во Македонија и во светот, низ содржината на „Отворен круг“ ја претставува својата меморија за театарот, а најмногу за оние кои се најблиску до публиката – актерите. Својот став за нив го раскажува како прозен запис и не ја крие приврзаноста и поврзаноста. Ја отвора меморијата низ настани кои излегуваат од нејзиниот „момински ковчег“  во кој се ставовите, случувањата или уште којзнае што од она што е автентичен автор, во македонската театарска меморија.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор