Со „Ноќ спроти Водици“ почна манифестацијата „Велес – Град на културата за 2015“

Од:

Со манифестацијата „Ноќ спроти Водици“ во салата на  новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа започна проектот „Велес-Град на културата за 2015 година“, а која се одржува со подршка на Министерството за култура.

Пред преполната сала на новиот објект на велешкиот театар „ЈХК Џинот” во соработка со Кинотека на Македонија беше проектиран дигитално реставрираниот филмски опус на браќата Манаки – првите сниматели на Балканот.

Тоа е проект на Министерството за култура со кој Македонија се претставува во светот и кој до сега го имаат видено само посетителите на фестивалот Манаки и културната јавност во Турција. Проекцијата беше придружувана со музика во живо од дуото Маротови.

Како што пред бројните присутни во салата потсети градоначалникот Славчо Чадиев, Велес е лулка на македонската писменост. Во Велес се темелите на драмската уметност поставени од Џинот.

Присутните во салата на новиот театар во Велес  имаа можност да уживаат  и во музичките настапи на Орхидеја Дукова и Мики Секуловски, кларинетистот Благој Ламјов, како и на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“.

Проектот „Велес-Град на културата за 2015 година“ содржи 67 манифестации кои ќе продуцираат околу 200 културни настани од различни жанрови: филм, музика, театар, фолклор, литература, ликовна уметност, опера и балет.

Инаку, Велес по вторпат е избран за Град на културата. Првпат оваа манифестација во Велес се реализира во 2005 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски