Со „Лисистрата“ на театарoт од Истанбул ќе почне фестивалот на античка драма „Стоби 2013“

Од:

На сцената на амфитеатарот во древниот Стоби утревечер со премиерата на претставата „Лисистрата“ по текст на Аристофан на Градскиот театар од Истанбул ќе биде отворен 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“.

Режисерот Кемал Кочатурк, нагласи декасо оваа престава која премиерно ќе биде прикажана на отворањето на фестивалот само се потврдува доброто пријателство помеѓу двете држави.

– Приказната за „Лисистрата“ е наша приказна, приказна од нашите краишта затоа што тука отсекогаш се воделе војни, а на некој начин тие војни никогаш не’ ни прекинале, а пред 2500 години се пронашол романтичен начин како да се прекинат војните.Ние сакаме да најдеме начин како да го донесеме мирот и со тоа да ги донесеме и насмевките на лицата кај луѓето, истакна режисерот Кочатурк на денешната прес – конференција.

Претставата „Лисистрата“ е од Аристофан, а турскиот режисер Кочатурк заедно со актерската екипа од 15 глумци на сцена ќе ни доловат модерна адаптација со авантуристички и забавен приказ во кој јасно ќе се отслика динамиката помеѓу двата пола и дилемата дали да се води војна или не.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“