Со изложба од ликовната работилница заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал“

Од:

Со изложба на делата создадени од учесниците на ликовната работилница, со која раководеше еминентниот струмички ликовен уметник и педагог Митко Тошев, синоќа пред библиотеката „Благој Jанков Мучето“ заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал“.

Учесниците на оваа бесплатна работилница имаа можност да совладаат неколку техники на сликање, со кои во иднина ќе може подобро да ја покажат својата креативност и да ја преточат во нивни дела.

Овој настан беше 17-ти по ред од богатата програма на „Струмица опен фестивал“. Досега се одржаа спортски натпревари, како и вечери на поезија и афоризми, кино на отворено, board games и неколку концерти.

Од 9 до 15 август настаните се префрлаат на малата музичка сцена „Чешмичка“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска