Со филмот „Зана“ вечер се затвора Тетовскиот интернационален филсмки фестивал

Од:

Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ вечер завршува со проекција на филмот „Зана“, победник на Тиранскиот филмски фестивал. Филмот ќе се прикаже со почеток во 19 часот во Центарот за култура. Режијата е на Антонета Кастрати, сценарио Медју Кастрати и Кејси Копер Јонсон, кој е исто така и продуцент на филмот.

– Во филмот главниот лик Луме, има цел да се ослободи од нејзиното минато, една декада после војната во Косово, кога го загубила своето дете. Луме, десет години се борела со медицината за да остане бремена, но без успех. Сега Луме се соочува и сака да „побегне“ од модерното здравство за па своето решение го бара во традиционалната медицина. Останува бремена но во тие моменти и започнува нејзината сага-враќање на тоа што го доживеала пред десет години, што ја оптоварува неа и нејзиното се уште не родено дете, информираат организаторите на фестивалот.

Тетовскиот филмски фестивал по деветти пат се одржуваше во градот од 9 октомври до денеска. Беа прикажани 14 долгометражни и 56 краткометражни филмови.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ