Со богата програма во Прилеп се одржува деветтиот Џез викенд фестивал

Од:

Со документарниот филм „Џезмен“ од Велибор Педевски, снимен во Њујорк, Софија, Белград и настапот на бендот „Скопје џез инк“ синоќа на летната сцена од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ беше отворен деветтиот „Џез викенд-фестивал“ кој ќе се одржува до сабота.

Со примена на мерките за заштита и држење физичка дистанца, публиката уживаше во музиката и изведбата на музичарите.

Според Снежана Ристеска од здружението ПП „Џез фестивал“, организатор на Џез-викендот, пандемијата ги наруши состојбите, но дозволи на прво место да биде претставувањето на домашната џез сцена.

– Фестивалот го има реномето во земјава и во регионот зашто секогаш претставувал врвни џез музички имиња и состави. Поаѓајќи од мисијата на Фестивалот: поддршка на домашната џез продукција и создавањето нова џез- публика, комбинирана со актуелните протоколи за „COVID 19“ кои треба да се почитуваат, програмата на Фестивалот е креирана со ангажирање врвни музички бендови и артисти од Македонија. Така ќе биде и вечер и утревечер кога ќе заврши Фестивалот, рече Ристеска.

Трајче Велков од бендот „Скопје-џез Инк“ вели дека со пандемијата трпеа уметниците, но не и уметноста.

– Уметниците се оневозможени во настапите, станува збор, можеби, за егзистенцијална криза, но уметноста останува. Овој период го искористив за компонирање, за преиспитување и креативност. македонија има солидни џез-состави, млади уметници кои заедно со реномираните џез-мајстори создаваат одлична основа дека џезот има длабоки корени кај нас, рече Велков.

Публиката ја имаше од Прилеп и од другите градови.

Вечер ќе настапат: квартетот на Оливер Јосифовски, составот „Светлост“ а премиерно ќе биде прикажан проектот „FUSSION DEFFUSION CONFFUSION“, проект кој содржи оригинални композиции и музички стандарди од егзотичен карактер, измешани со тврд „hard rock“ звук.

Утревечер на програмата на Фестивалот е промоцијата на книгата „Press&Play“ од Ненад Георгиевски. Ќе настапи и „Next to Silence“, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM. Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите „Бернајс Пропаганда“ кои имаат пет објавени албуми и се едни од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари. Во оф програмата вечер на локалитетот Врбјанска чука (кај селото Славеј) свој перформанс ќе има Antonie AVP Project, а утревечер публиката ќе може да го проследи перформансот на „Leonard“.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска