Сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“

Од:

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ денеска во литературното кафе „Метонија“ ќе промовира сликовница „Мојот прв буквар на ромски јазик“.

Автор на букварот е Севдија Абдулова Демирова, а рецензенти Лена Дамоска и Биљана Туџаровска-Ќупева.

Издавањето на Букварот на ромски јазик е со поддшка од Владата на Република Македонија.

– Иако секој има право да учи на својот мајчин јазик, Ромите како „деца на светот“ бидејќи немаат своја држава, немаат можност да уживаат во ова право. Но, во Република Македонија, учениците можат да посетуваат факултативна настава на ромски јазик и овој буквар е наменет токму за децата кои сакаат да го изучуваат ромскиот јазик, како и за наставниците кои имаат потреба од стручна литература, соопштуваат од СУМНАЛ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето