Слики со мотиви од македонските градови изложени во Велес

Од:

Во Ликовниот салон во Велес , од вчера (24 јануари 2018) е отворена тематска изложба насловена „Урбани документи: пејзаж – град – предел“, на Националната галерија на Македонија…

Во рамките на изложбата се презентирани 23 ликовни дела, на тема Урбан предел, кои се дел од богатата колекција на Националната галерија на Македонија. Изложбата ја сочинуваат слики од познати и афирмирани автори, меѓу кои: Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Вангел Коџоман, Томо Владимирски и други.

Ликовните дела предизвикаа голем интерес кај публиката во Велес од аспект на историски и документарен карактер како сведоци на едно минато време, како и од ликовен аспект. Некои дела се со препознатливи мотиви од Скопје, Битола, Охрид, Струга, Кратово, но и од Париз, Прага, Елбасан итн.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура, а кустос е Елена Иванова од Националната галерија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски